Доминацијата продолжува: Струмица Никоб го освои одбојкарскиот Куп

Доминацијата на Струмица во одбојкарскиот Куп продолжува откако екипата денеска шестипат по ред, а вкупно девети, се закити со трофејот во ова натпреварување.
Во финалето во Радовиш, струмичани беа доминантни и славеа со 3-0 над ГОК Борец. Со тоа го освоија 18-тиот пехар во витрините, вклучувајќи ги трофеите во првенството.
Владо Милев имаше 12 поени, Хараба заврши со 11, Алексов со 7, Глобоцки заработи 5, Наков 4, а Ефтим Ричлиев 2. Кај ГОК Борец најефикасни беа примачите Волков со 14 и Костиќ со 12 поени.

Се вчитува...