Домот на МВП во НБА бил ограбен додека тој бил на натпревар

Ѕвездата на Оклахома сити тандер, Шеј Гилџус-Александер, беше ограбена за време на натпревар. Полицијата потврди дека куќата на кошаркарот на Оклахома била ограбена во четвртокот околу 22 часот по локално време, додека играл против Вашингтон.

Според американските медиуми, никој не бил во куќата во времето на кражбата, а полициската истрага е сè уште во тек. Засега нема апсења во овој случај, а како што објави локалната телевизиска станица News9, генералниот менаџер на Оклахома, Сем Прести, бил на местото на настанот кратко време по инцидентот.

Ограбувањето на домот на минатогодишниот МВП на НБА е само еден од низата во последните години во кои е вклучен професионален спортист.

Се вчитува...