Еден од најталентираните светски голмани Џанлуиџи Донарума подготвен е да го продолжи договорот со италијанскиот калчолигаш Милан. Претстојното лето тој влегува во последната година од важечкиот договор, а има само еден услов за да стави потпис за продолжување на соработката.
Донарума би останал на „Сан Сиро“ доколку раководството на Милан стави клаузула во новиот договор дека платата нема да му биде намалена за време на целиот престој во клубот. Се очекува европските клубови да имаат проблеми со финансиите во наредниот период како резултат на пандемијата на коронавирусот, а Донарума сака да се обезбеди тоа нема да се ефектуира и на неговата заработка во Милан.
За Донарума постои голем интерес од Пари Сен Жермен, а во трката се вклучи и англискиот премиерлигаш Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА