Донарума потпиша до 2021, Милан го потпиша и брат му

Џанлуиџи Донарума и во следната сезона ќе го брани голот на Милан откако 18-годишниот голман денеска и официјално потпиша нов договор со „росонерите“. Сагата околу иднината на суперталентираниот тинејџер конечно заврши откако „росонерите“ ги прифатија условите поставени од страна на Донарума, не само да му дадат огромно зголемување на платата, туку и да му понудат договор на неговиот брат Антонио.

Антонио Донарума е дете на младинската школа на Милан кој не успеа да направи посериозна кариера и никогаш не одигра ниту еден меч за „росонерите“. Овој 27-годишен голман во меѓувреме бранеше во неколку помали екипи, за сега повторно да му биде понуден договор од Милан, во вредност од еден милион евра по сезона.

Што се однесува до Џанлуиџи Донарума, неговата плата ќе изнесува шест милиони евра годишно, а во новиот договор ќе има клаузула според која ќе може да замине во поголем клуб за 100 милиони евра, или пак за двојно помалку доколку „росонерите“ не се пласираат во Лигата на шампионите следната сезона.

Се вчитува...