Донарума потпишува нов договор со Милан, клаузула од 100 милиони евра

Суперталентираниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, ќе потпише нов договор со клубот, со што ќе биде ставен крај на „сапуницата“ околу иднината на тинејџерот на голот на „росонерите“. Ова е епилогот на сагата околу заминувањето или останувањето на младиот чувар на мрежата, кој со 18 години имаше фантастични понуди и од Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. Сепак, тој одлучи да остане на „Сан Сиро“, и во наредните неколку дена треба да се официјализира новата соработка.

Донарума според новиот договор ќе заработува 6 милиони евра по сезона и ќе биде трет најплатен играч во Серија А. Покрај тоа, во Милан ќе пристигне и неговиот брат Алфредо Донарума, кој ќе добие договор вреден еден милион евра по сезона.

Отштетната клаузула за трансфер во друг клуб ќе изнесува 100 милиони евра, а ќе се намали двојно доколку Милан не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите.

Се вчитува...