Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја победија Јута со 108-106 на гостински терен, и тоа во драматична завршница откако Јута успеа да стигне и до еден поен разлика пред самиот крај.
Натпреварот беше своевидна „вртелешка“ во однос на резултатот каде двата тима се менуваа во водството. Меѓутоа Лејкерси влегоа со предност во последниот период, а Дончиќ, Џејмс и другарите брзо ја зголемија разликата и стигнаа до +13. Истата предност ја имаа и нешто подоцна, и кога се чинеше дека имаат сигурна победа, сепак, опуштањето можеше скапо да ги чини. Јута успеа со тројка да стигне и до само еден негатива (106-107), но на крајот Лејкерси успеаја да стигнат до победата.
Дончиќ беше уште еднаш фантастичен и со 33 поени ги предводеше Лејкерси до триумф. Лејкерси беа единствениот гостински тим кој победи на синоќешните натпревари во НБА.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Шарлот 113-110
Бостон – Орландо 138-129
Кливленд – ЛА Клиперс 120-105
Торонто – Бруклин 119-109
Окахома – Портланд 122-95
Феникс – Сан Антонио 111-102
Јута – ЛА Лејкерс 106-108
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

