Дончиќ одлета во Далас, Феникс го доби Деандре Ајтон како прв пик на драфтот

Сензационалниот словенечки кошаркар Лука Дончиќ, кој веќе ја освои Европа, ќе се обиде да ја покори и Америка во дресот на Далас маверикс. Тој дојде кај „телињата“ со размена во која плејмејкерот Треј Јанг замина во Атланта хоукс, а Далас им го отстапи и местото за да бираат во првата рунда на драфтот следната година. Во Далас, Лука Дончиќ ќе го пречека ветеранот, 40-годишниот Дирк Новицки, кој точно пред 20 години влезе во НБА – лигата директно од Вирцбург. Сега Дончиќ како МВП на Евролигата и актуелен европски клупски шампион со Реал Мадрид.

Како прв пик на драфтот е избран Деандре Ајтон кој замина во Феникс санс, додека втор пик беше крилниот центар Мервин Бегли Трети, кој го засили составот на Сакраменто кингс.

 

Се вчитува...