Дончиќ: После Евробаскетот спиев 13-14 часа дневно, некогаш посакував да сум на плажа

Иако важеа за едни од фаворитите за пехарот, кошаркарската репрезентација на Словенија предводена од Лука Дончиќ испадна во 1/4 финалето од Полска. Ѕвездата на Далас одигра неколку одлични натпревари, но кога требаше против Полска не одеше.

Дончиќ веќе е во САД каде што ќе ги почне подготовките со клубот за новата сезона. Во разговор со тамошните медиуми истакна дека после Евробаскетот бил многу исцрпен.

„Сега сум добро, а после првенството спиев 13-14 часа дневно. Успев да се одморам. Со репрезентацијата бев два месеци, и тогаш многу тренирав и има многу емоции кога тренираш со репрезентацијата. Кога ќе се посветиш на тоа тешко е, иако понекогаш сакаш да си некаде на плажа наместо на тренинг. Но, уживав во секој момент со Словенија“, рече Дончиќ. 

Се вчитува...