Дончиќ за отказот на човекот кој го трејдуваше: Без коментар…

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, за прв пат проговори во врска со одлуката на Далас да го отпушти генералниот менаџер Ник Харисон – човекот кој шокантно го продаде пред помалку од една година!

По поразот од Оклахома Сити (121:92), Дончиќ мирно одговараше на прашањата на новинарите, и иако не коментираше директно за исклучувањето на Харисон, неговите одговори јасно покажаа колку Далас сè уште му е во срцето.

„Градот Далас, навивачите, играчите… сите тие засекогаш ќе имаат посебно место во моето срце. Мислев дека ќе останам таму засекогаш, но не останав. Секогаш ќе можам да го нарекувам тој град мој дом. Но, сега сум фокусиран на Лејкерси и она што го градиме тука“, рече Дончиќ.

На прашањето дали може да замисли враќање во дресот на Маверикс сега кога Харисон повеќе не е дел од клубот, Дончиќ кратко одговори:

„Моментално сум фокусиран само на Лејкерс. Нема понатамошни коментари“,

Се вчитува...