Допингуваниот фудбалер кој играше против Македонија ЃП доби суспензија од 4 години

УЕФА денеска му врачи суспензија од четири години на фудбалерот на ЦСКА Софија, Георги Јомов поради користење на допинг. Јомов беше позитивен на допинг тест после средбата со Македонија ЃП во Лигата на Конференции минатата година.

Јомов играше на реваншот во Софија, кога беше 4-0 за ЦСКА и токму после тој меч му беше направен допинг тест на кој излезе позитивен на забранети супстанци.

Истрагата траеше до вчера, кога УЕФА ја соопшти одлуката. ЦСКА сега има право на жалба на оваа одлука и најави дека ќе ја поднесе, но тешко дека ќе му биде намалена казната со оглед дека европската куќа на фудбалот има цврсти докази.

Се вчитува...