Македонскиот напаѓач Доријан Бабунски, се врати во Унгарија и потпиша за Ниреѓихаза Спартак. Тој во минатото настапуваше за Дебрецен, и унгарскиот шампионат му е многу познат.
Во Ниреѓихаза доаѓа од редовите на романски Сепси, кој испадна од романската Прва лига, и разделбата беше неминовна.
„ Многу сум среќен што се приклучив на клубот. Имав една од најдобрите сезони во мојата кариера во Унгарија во минатото и голема чест е што сега можам да се борам и да играм за Ниреѓихаза. Клубот, персоналот и играчите ме пречекаа фантастично и ќе ги искористиме неделите пред почетокот за добро да се подготвиме за првенството. Би сакал да им се заблагодарам на сите што ја поддржуваат нашата работа во клубот и едвај чекам да се сретнам со навивачите на стадионот – рече Доријан Бабунски.
Во овој тим до неодамна настапуваше и Дарко Велковски, но тој сега е без ангажман откако му истече договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА