Драгиќ: Ќе им раскажувам на моите деца и внуци за овој „Ол стар“

Кошаркаркот на Мајами хит, Горан Драгиќ по 10 активни сезони во НБА конечно може да се пофали со настап на „Ол стар“ викендот и тоа на главниот спектакл кој се одржа ноќеска. Слоненечкиот репрезентативец е еден од ретките кошаркари кои своето деби во ревијалниот натпревар го забележа дури на 31 година.

Иако до учество на „Ол стар“ мечот стигна со тоа што Кевин Лав се повреди непосредно пред овој викенд, а Драгиќ заигра на негово место. Сепак, Словенецот заслужи да настапи бидејќи сезонава претставува лидер на франшизата од Мајами по реформите во ростерот и распаѓањето на оној моќен шампионски тим од пред неколку сезони. Впрочем, Драгиќ стана и првиот Словенец кој заиграл со најголемите ѕвезди од НБА – лигата на „Ол стар“ натпревар.

„Голема чест е што сум првиот Словенец што заиграл на овој меч. Чувството беше прекрасно, дури и по мечот ми беше тешко да сфатам дека настапив на ваков спектакл. Ова е голем плус во мојата кариера, нешто што ќе го раскажувам на моите деца и внуци. Горд сум на моето достигнување“, истакна Драгиќ.

Драгиќ беше на страната на „тимот Леброн“, а за 11 минути на теренот забележа само два поени, една асистенција и четики скока.

Се вчитува...