Дракслер на листата на желби на Интер

Италијанскиот калчолигаш Интер тргнува во финална акција за реструктуирање на тимот во пресрет на новата сезона во Серија А. Има уште многу непознаници за тренерот Лучијано Спалети, а клубот планира да продаде тројца фудбалери, Стеван Јоветиќ, Џефри Кондогбија и Иван Перишиќ, за кого наддаваат Челси и Манчестер јунајтед.

Досега на „Џузепе Меаца“ пристигнаа Весино, Далбер, Шкрињар, Колидио, Ботха Валеро и голманот Прадели, но допрва се очекуваат главните засилувања. Една од најголемите желби на Интер е Џулијан Дракслер, германскиот интернационалец од редовите на ПСЖ. Проценето е дека тој е помлад, но и поевтин во овој момент од неговиот соиграч од ПСЖ, Анхел Ди Марија. Би можел да пристигне во Милано за околу 50 милиони евра.

На Интер му е потребен и централен дефанзивец, а се разгледува можноста од Манчестер сити да пристигнат Николас Отаменди и Елаким Мангала. За позицијата десен бек приоритет е Жоао Кансело, но за него имаат голема конкуренција во Јувентус и Арсенал.

Се вчитува...