Драма на летот на Германците, авионот принудно приземјен

Фудбалерите на Германија преживеале вистинска драма по враќањето од натпреварот против Исланд кој го добија со 0-4. Имено, авионот морал принудно да слета во Единбург. Авионот во еден момент отишол на десно и почнал да се спушта. Се уште не е познато која е причината за принудното слетување.

„Нашиот лет е пренасочен кон Единбург како би се направила безбедносна контрола на авионот. Сите се добро и стрпливо чекаат додека персоналот мирно и професионално си ја врши својата работа“, порачаа од Фудбалската федерација на Германија. 

 

Се вчитува...