Драма пред меч од ФИБА Европа купот: Пет кошаркари паднале во лифт три ката и се повредени!

Необичен инцидент ги одбележа подготовките за натпреварот од ФИБА Европа Купот меѓу Ерокспор и азербејџанскиот Генче, кој го откри тренерот на гостинскиот тим, Мартин Кнежевиќ.

Ерокспор ја оправда улогата на фаворит и убедливо славеше со 92-63, предводен од искусниот Ерик Мекалум. Сепак, многу поголемо внимание по натпреварот привлече тврдењата на Кнежевиќ за инцидентот што наводно се случил во хотелот пред натпреварот.

Според тренерот на Генче, лифтот во кој биле неговите играчи одеднаш запрел, по што паднале неколку ката. Кнежевиќ тврди дека дури пет играчи биле повредени во таа прилика.

„Не сум изненаден од резултатот на натпреварот. Петмина од нашите играчи беа повредени кога лифтот застана во хотелот синоќа – истиот евтин хотел за кој плати Ерокспор. Моите момчиња паднаа три ката во лифтот и имаат среќа што не се сериозно повредени“ – рече Кнежевиќ кој се осврна на реакцијата на ФИБА, односно одлуката натпреварот да се игра и покрај барањето на неговиот тим натпреварот да се одложи поради проблеми со повредени играчи.

„О, и благодарност до ФИБА што го игнорираше нашето барање за одложување на натпреварот поради повреда на неколку играчи. Вие сте најдобри“, иронично рече Кнежевиќ.

Се вчитува...