Драма во Арлингтон: Египет и Австралија ќе играат продолженија

Египет и Австралија ќе мора да играат продолженија за да биде решен победникот од ова 1/16 финале од мундијалот што се игра во Арлингтон, откако по 90 минути резултатот на семафорот гласи 1-1.

Египет нешто подобро го отвори натпреварот, а „фараоните“ неочекувано поведоа по само 13. минута игра, користејќи ја својата прва шанса на мечот. Хафез нафрли во срцето на шеснаесетникот, а таму се најде Ашур кој со мајсторски удар со глава стрелаше во мрежата за водство на африканската селекција.

Првиот дел заврши 1-0, а „фараоните“ можат да жалат за големото промашување на Мармуш на самиот старт од второто полувреме. Буквално од почетниот удар Египет одработе маестрална акција за помалку од десет секунди, Мармуш се најде очи в очи со голманот, но стрелаше крај дирекот.

Како што одминуваше времето така Австралија се повеќе ја преземаше играта, па „кенгурите“ во 55. минута стигнаа и до среќно израмнување, откако Хани со несреќна интервенција ја смести топката во сопствената мрежа.

Најубавата шанса до крајот на мечот ја имаше Египет во 94. минута, кога по маестралниот центаршут на Салах во одлична ситуација се најде Рабија, но Бич со маестрална интервенција спречи гол и ова 1/16 финале ќе мора да биде решено со продолженија или евентуално со пенал-рулет.

Се вчитува...