Драма во Атина: Тројка на Руди Фернандез со звукот на сирената за победа на Реал… (ВИДЕО)

Феноменален натпревар одиграа Панатинаикос и Реал Мадрид во Атина во рамките на 29. коло од Евролигата. Драмата во Атина им припадна на „кралевите“ кои до триумфот од 73-74 дојдоа со тројката на Руди Фернандез буквално со звукот на сирената.

Ова е 22-та победа за „кралевите“ сезонава, наспроти седум пораз, а Панатинаикос остана на 15 победи.

Макаби стигна до лесна победа против Гран Канарија од 90-55, на тој начин запишувајќи ја 14-та победа во Евролигата.

Се вчитува...