Драма во финишот на натпреварот помеѓу Црна Гора и Турција: Дали судиите ги оштетија Црногорците? (ВИДЕО)

Турција успеа да забележи победа над Црна Гора со 72-68 по драматичен финиш на првиот ден од Евробаскетот. Во изедначениот натпревар во кој ниедна репрезентација не успеа да го наметне своето темпо победникот беше одлучен во последните секунди, а истата ја одбележа скандалозна одлука на судиите.

Имено, на 4.5 секунди до крајот по промашениот обид на Михајловиќ топката стигна до рацете на Симоновиќ, а во дуелот со Осман на црногорскиот центар му беше досуден прекршок во напад. Црногорската клупа остро реагираше на одлуката, а дали беа во право одлучете самите.

Се вчитува...