Драма во Ријека: Полиција ги чува Велковски и соиграчите од бесните навивачи

Околу сто навивачи на Ријека се собраа пред стадионот „Рујевица“ искажувајќи го своето незадоволство од слабата игра и поразот на денешното дерби против Хајдук (0-1).

Андријашевиќ промаши пенал во 96. минута со кој можеше да донесе израмнување, по што бесните навивачи експресно се собраа пред стадионот, влегувајќи во конфликт со фудбалерите на тимот чиј член е и македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.

Се упатуваа навреди и закани кон играчите, но за среќа полицијата реагираше благовремено и беше избегнат посериозен инцидент.

Велковски беше стартер на денешното дерби со Хајдук, но македонскиот дефанзивец беше заменет на паузата меѓу двете полувремиња со Галешиќ, при резултат 0-0.

Се вчитува...