Луис Хамилтон триумфираше на драматичната трка за ГН на Русија што се возеше во Сочи, на која Норис долго време беше во водство, но реши да се коцка на крајот, направи огромна грешка во проценката и на крајот едвај стигна до седмото место. За Хамилтон ова беше јубилејна стота победа во кариерата, со која Британецот се искачува на чело во енералниот пласман.
Норис (кој стартуваше од пол позицијата) беше лидер и успеваше да одолее на налетите на Луис Хамилтон, но на пет круга до крајот почна да врне силен дожд. Светскиот првак тргна да ги менува гумите, но Норис ги одби тимските инструкции верувајќи дека ќе успее да ги извози преостанатите четири круга и да ја задржи предноста пред Хамилтон. Набрзина стана очигледно дека тоа не е возможно, Хамилтон го мина за само еден круг, а Норис на крајот падна на седмата позиција позиција.
Луис Хамилтон имаше слаб старт, од четвртата падна на седмата позиција, но како што одминуваше времето тој се повеќе се приближуваше до челото на колоната, за на крајот да сстине до заслужена победа. Второто место му припадна на Макс Ферстапен, за кого ова е одличен успех ако се знае дека трката ја почна од последното место поради проблеми со моторот.
Третата позиција денеска ја освои Саинц во Ферари, пред Ри,иардо, Ботас, Алонсо, Раиконен…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА