Дрим-тимот на АБА без ниту еден играч од поранешна Југославија

АБА-лигата го објави идеалниот тим за натпреварувачката сезона 2018/19, во кој изненадувачки нема ниту еден кошаркар од поранешна Југославија. Регионалната лига со години наназад претставува „отскочна даска“ на квалитетните играчи од регионот за правење на трансфери во клубови од самиот европски врв, но кошаркарите од Србија, Хрватска, Словенија… овојпат останаа во сенка на странците.

За најдобар центар сезонава е избран Грузиецот Гога Битадзе, кој сезонава ја почна во дресот на Мега, а потоа се пресели во редовите на Будуќност. Тој освои 13,2% од гласовите на фановите, беше избран за најдобар и од тренерите, а заедно со него во избраното друштво се најдоа уште и Џејкоб Пулен (Цедевита), Стратос Перпероглу (Црвена звезда), Џо Регланд (ЦрвенаЗвезда) и Џок Лендејл (Партизан).

Гласовите на тренерите во АБА-лигата имаа 60% удел во вкупните резултати, гласовите на навивачите се земаа во предвид за 30% од конечниот резултат, а преостанатите 10% се гласовите од „Стручната комисија на АБА“.

 

Се вчитува...