Дудек: Сите во Ливерпул веќе знаат дека наследник на Клоп ќе биде Џерард, и никој друг

Поранешниот член на Ливерпул, Јиржи Дудек се огласи по најавата на Јирген Клоп дека по крајот на актуелниот договор со „црвените“ во 2022 година би направил пауза од фудбалот.

Во една таква ситуација, според Дудек, единствен можен наследник на Клоп на клупата на Ливерпул е Стивен Џерард, и никој друг.

„Кога неодамна бев во Ливерпул никој не го криеше тајниот факт дека Стивен е главен и единствен кандидат во иднина за замена на Германецот, кога ќе заврши неговата ера на Енфилд. Сите во Ливерпул знаат дека порано или подоцна големиот капитен ќе се врати“ – вели Дудек и дополнува:

„Лично бев изненаден што Стивен така брзо почна да работи како менаџер. На поголемиот број мои соиграчи или фудбалери од целиот свет им треба време пред да се вратат во фудбалот. Но, страста на Стивен е преголема и затоа остана во фудбалот“.

Се вчитува...