Дупјачанец: Ова реми е добра увертира за плејофот во Македонија

Капитенот на Металург, Даниел Дупјачанец, делуваше задоволно на прес-конференцијата по натпреварот со Адемар Леон, на кој македонскиот тим ремизираше 27-27 и го освои вториот бод сезонава во Лигата на Европа.

Според искусниот голман, покажаниот квалитет во играта е добра увертира за стартот на плејофот во домашното првенство закажан веќе за петок, кога Металург во скопската пресметка ќе му гостува на Пролет.

„Можам да кажам дека сум горд на соиграчите. Одигравме машки, изгинавме на терен. Во првиот дел бевме одлични. Можеби со мали избрзани грешки, си создадовме да немаме повисока разлика. Адемар беше подобар во вториот дел, посебно во одбраната, нас не стигна заморот. Заморот е оправдан во овој момент, ние до пред три дена бевме далеку од комплетни на тренинзите. Бодот радува, малку ми е жал што не победивме, меѓутоа на крај мора да биеме задоволни од она што го постигнавме затоа што Адемар водеше со два гола пред влезот во последната минута. Сега ни останува да се фокусираме на домашното првенство, ова беше добра увертира пред стартот на плејофот“, изјави Дупјачанец.

Тренерот Оливеер Димитриоски посочи дека заморот е причина за падот на концентрацијата во второто полувреме.

„Задоволен сум од првото полувреме, а во вториот дел падна малку ритамот. Но, заморот го направи своето. Сепак, на крајот сум задоволен како се одјавивме од оваа европска кампања со еден освоен бод“, истакна Димитриоски.

Се вчитува...