Дуплантис го „урна“ Бубка по 26 години! (ВИДЕО)

Младиот шведски атлетичар Арманд Дуплантис продолжува да ги поместува границите кога е во прашање натпреварувањето во скок со стап. Швеѓанецот на митингот од дијамантската лига во Рим успеа да скокне 6.15 метри што е најдобар резултат во историјата на отворено.

20-годишниот Дуплантис во моментов ги држи трите најдобри остварувања на сите времиња откако претходно во сала успеа да стигне до резултати од 6.17 и 6.18 метри.

 

Се вчитува...