Дуплантис повторно импресионира – нов сетски рекорд во скок со стап (видео)

Шведската атлетска суперѕвезда Арманд Дуплантис продолжува да импресионира, откако постави нов светски рекорд во скок со стап во сала, со неверојатни 6:22 метри на натпреварувањето што се одржа во францускиот град Клермон.

Со тоа, Дуплантис за еден сантиментар го подобри сопствениот светски рекорд што го постави во Јуџин во САД. Завршницата беше суперинтересна, Дуплантис во првите два обида не успеа до рекордната височина, но затоа во третиот обид конечно успеа да ја прескокне фантастичната граница.

„Кога имате вакви моменти, кога енергијата ви е на така високо ниво, како да лебдите. Некако ми се чини дека моето тело воопшто не слета на душекот по овој фантастичен скок“, задоволен беше апсолутниот шампион во својата дисциплина.

Се вчитува...