Дурент и Вестбрук повторно заедно!?

Расел Вестбрук се уште бара нов ангажман откако по крајот на минатата сезона која ја помина во Денвер стана слободен да ја бира новата средина. Постојат повеќе клубови заинтересирани за ангажман на поранешниот МВП, но според медиумите во САД голема е веројтноста дека неговиот следен клуб ќе биде Хјустон Рокетс.

Голема желба за негово враќање во Тексас изразил и еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Кевин Дурент кој предобро го познава Вестбрук од времето поминато заедно во Оклахома.

Овие двајца беа дел од еден млад и перспективен тим од 2008 до 2013 година пред Дурент да направи големо „предавство“ и да премине во редовите на големиот ривал Голден Стејт, потег кој го осуди и самиот Вестбрук.

Се вчитува...