Душебајев: Разбирам зошто Раул калкулираше во вториот дел

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Алекс Душебајев постигна два гола од вкупно четири обиди на дуелот со Македонија, со кој Шпанија го задржа максималниот ефект и по четвртото коло од овој Мундијал. Поранешниот ас на Вардар е свесен дека „црвената фурија“ не одигра на посакуваното ниво, но и покажа разбирање за одлуката на Раул Гонзалес на почетокот од второто полувреме да ги повлече клучните ракометари откако Шпанија поведе со шест голаа разлика.

„Не го стартувавме натпреварот оннака како што посакувавме, додека Македонија беше одлична во првото полувреме. На почетокот на вториот дел се корегиравме во одбраната, пресековме неколку топки и направивме да биде многу полесно за нас. Раул калкулираше во вториот дел, што е нормално со оглед тоа дека утре ве чека тежок дуел со Исланд и некои играчи како Лазаров, Стоилов, Манасков… ги повлече на клупата, а со тоа нам ни ја олесни работата. Ние сакавме подобро да одиграме во вториот дел и тоа и го направивме”, изјави Алекс Душебаев.

Шпанија утре вечер со почеток во 20.30 часот ќе се сретне со Хрватска, во клучниот натпревар за освојување на првото место во групата.

Се вчитува...