Душица Ѓоргиевска со трансфер во Измир

Македонската ракометна репрезентативка Душица Ѓоргиевска летово ќе ги промени клупските бои откако постигна договор со раководството на Измир. Ѓоргиевска минатата сезона настапуваше за Загнос, летово доби неколку интересни понуди, избирајќи ја онаа од Измир.

Оваа 31-годишна ракометарка во кариерата има натапувано за Стружанка, Металург, Кометал ЃП, Еуростандард ЃП. Таа веќе неколку сезони настапува во Турција, а пред Беледијеспор го има носено и дресот на Полати и на Муратпаша.

Се вчитува...