Два меча суспензија за Луис Суарез

Луис Суарез дефинитивно го пропушта финалето од Копа дел реј против Алавес откако Дисциплинската Комисија му изрече на голгетерот на Барселона суспензија од два натпревари поради црвениот картон заработен на реваншот со Атлетико Мадрид.

Барселона се жалеше на исклучувањето на својот најдобар стрелец, но не само што казната не беше поништена, туку на Суарез му беше додаден уште еден меч неиграње поради непрофесионалниот однос и критиките упатени кон судијата непосредно по завршувањето на средбата.

Поради ова, Барса ќе биде значајно ослабена за финалето со Алавес, кое ќе се игра на „Висенте Калдерон“ во Мадрид на 28 мај. На овој натпревар нема да може да настапи ниту десниот бек Серхио Роберто, кој исто така „поцрвене“ на реванш дуелот со Атлетико.

Се вчитува...