Еден од најталентираните македонски пливачи Дамјан Станковски избори финале во трката на 100 метри градно на Централно европскоро првенство кое се одржува во Љубљана,Словенија.
Воедно Дамјан постави и нов кадетски рекорд на Македонија со време од 1:07.37 минути.

Влатко Цеков, пак, постави два нови македонски државни рекорди за постари пионери на Централно-европските игри во Љубљана, Словенија.
Цеков имаше одличен настап во дисциплините 100 метри и 200 метри слободно, притоа испливувајќи рекорд од 55.01 секунди на 100 метри, и 1:59.76 на 200 метри слободно.
Притоа Цеков доживеа и вистинска неправда со пропуштената можност да плива и во финалето на 200-метри слободно. Во квалификациите македонскиот пливач имаше исто време со осморангираниот пливач од Полска, но организаторите одлучија полскиот пливач да биде во финалето иако се очекуваше дополнителна трка „swim off“ за место во финалето.
„Сепак, овој резултат добива уште поголема тежина ако се знае дека Влатко е помлад од најголемиот дел од својата конкуренција, а сепак рамноправно се бореше со најдобрите пливачи од Централна Европа“ – порачаа од ПК Вардар 2018.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
