Два нови светски рекорди на атлетскиот митинг во Валенсија

Атлетскиот митинг во Валенсија донесе многу возбудувања и два нови светски рекорди. Џошуа Чептегеи од Уганда го урна светскиот рекорд на 10.000 метри во машка конкуренција, додека Летесенбет Гидеј од Етипоија е нова рекордерка на 5.000 метри.

Чептегеи истрча 10 километри за време од 26 минути и 11 секунди и за цели шест секунди го подобри рекордот на Кенениса Бекеле кој беше на сцената дури 15 години. Гидеј на 5.000 метри истрча со време од 14:06,62 минути и го подобри рекордот на Тирунеш Дибаба од 2008 година.

Се вчитува...