Двајца голмани му купија нов автомобил на тренерот што ги тренирал како деца

Двајца хрватски голмани, Доминик Ливаковиќ од Динамо Загреб и Јосип Чондриќ од Истра, ги освоија симпатиите на јавноста во регионот со својот голем потег – да му купат нов автомобил на тренерот кој работел со нив на почетокот од кариерата. Сега 73-годишниот Жељко Незиќ важи за еден од најдобрите тренери со голмани во цела Хрватска, тој соработуваше со Ливаковиќ и со Чондриќ во младинските категории на Загреб, а двајцата чувари на мрежата очигледно сметаат дека немало да дотуркаат во кариерата доколку Незиќ не ги навел на вистински пат.

Новиот автомобил е од брендот „Опел Корса“, бидејќи Незиќ имал токму ваков автомобил додека тие настапувале за Загреб.

„Ова е само мал знак на внимание, не можам да ви опишам колку јас и Ливаковиќ сме му благодарни за се што направи за нас. И ден денес ги следи натпреварите, па ни коментира што сме направиле добро, а во што можеме да бидеме уште подобри“ – изјави Чондриќ.

Се вчитува...