Двајца клучни играчи се враќаат за Ливерпул за дуелот со Аталанта

Ливерпул утревечер ќе ја пречека Аталанта во четвртфиналето од Лигата на Европа, меч за кој Јирген Клоп повторно на располагање ќе ги има Трент Александер Арнолд и Диого Жота.

Англикиот десен бек и португалскиот голгетер повеќе од еден месец не му беа на располагање на Клоп, но се очекува двајцата да добијат шанса во второто полувреме од утрешниот меч, а потоа да бидат стопроцентно подготвени за настап за неделниот меч од Премиер-лигата против Кристал Палас.

„Жота и Трент, се е во најдобар ред. Последните неколку денови тренираа со екипата, тренираа со полно темпо. Ќе бидат со нас, па ќе видиме колку ќе можат да играат. Алисон Бекер… тој се уште не тренираше со остатокот од тимот. Тоа ќе се случи наскоро, по што ќе донесеме одлука кога ќе може да се врати на терените“, изјави Клоп на денешната прес-конференција.

Се вчитува...