Две дерби пресметки во осминафиналето од лига-купот на Англија

Две интересни пресметки го привлекоа вниманието по извлечените двојки за осминафиналето од англискиот лига-куп, Ливерпул ќе го пречека Арсенал, додека Челси го очекува пресметка со Манчестер Јунајтед.

И Клоп и Емери во претходната рунда им дадоа шанса на голем дел од младите играчи во клубот, па интересно ќе биде дали ќе го задржат ставот и во пресметката со далеку пореномираниот ривал, закажана за 28 октомври.

Челси ќе го пречека Манчестер Јунајтед во обид да се реваншира за убедливиот пораз од првото премиерлигашко коло, Манчестер Сити е домаќин на Саутемптон, а Колчестер по елиминацијата на Тотенхем сега ќе има полесна задача, гостување против Кроли Таун.

ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ

Евертон – Ватфорд

Астон вила – Вулверхемптон

Ман. Сити – Саутемптон

Бартон – Лестер

Кроли Таун – Колчестер

Челси – Манчестер јун.

Оксфорд – Сандерленд

Ливерпул – Арсенал

Се вчитува...