Две победи на Пролет, „Диви“ дебитираше на голот

Ракометарите на Пролет успешно ги стартуваа подготовките за вториот дел од сезоната, триумфирајќи на првите две средби што ги одигра скопскиот клуб во изминатите денови.  Своето деби на голот на Тинекс Пролет го имаше и долгогодишниот македонски репрезентативец Петар Ангелов, кој пристигна од Германија и ќе биде значаен адут во борбата за излез во ракометна Европа.

Прв противник на Пролет беше Металург 2, суперлигаш што рутински беше совлада со 36-22. Младите избраници на тренерот Котевски само десетина минути му парираа на Тинекс Пролет, потоа тимот на Матлиески целосно ја презеде контролата, ја зголемуваше предноста и на крајот триумфираше со „плус четиринаесет“.

Следен ривал  беше КЛ7, амбициозен состав од Првата лига што беше совладан рутински, со резултат 27-18, натпревар против беше решен уште во првото полувреме, кога суперлигашот обезбеди предност од 15-5.

Се вчитува...