Двејн Вејд ќе се пензионира по крајот на сезоната!?

Повратникот во ростерот на Мајами хит, Двејн Вејд, размислува да стави крај на кошаркарската кариера по крајот на оваа сезона. Ветеранот ја игра веќе 15. сезона во најквалитетното кошаркарско првенство во светот, а 36-годишниот бек смета дека претстојното лето можеби ќе биде вистинскиот момент за последен пат да го соблече дресот.

„Крајот на оваа сезона може да ги разреши сите дилеми околу мојата иднина. Следното лето ќе ми биде прв пат да морам да донесам ваква одлука, морам добро да размислам дали ќе продолжам да играм, бидејќи на овие години ми е се потешко да се подготвувам за натпревари. Зависи и од ситуацијата во која ќе се наоѓа овој клуб, и каква понуда ќе добијам доколку посакуваат да ме задржат во овој тим. Но, сега не се преоптоварувам со такви работи, има уште доста до крајот на сезоната, што и да одлучам знам дека нема да згрешам“, истакна Вејд.

Вејд во поголемиот дел од кариерата го носеше дресот на Мајами, всушност франшизата од Флорида го драфтуваше во 2003 година како петти пик, а тој во три наврати им ја донесе шампионската титула (2006, 2012, 2013 година). Една сезона ги бранеше боите на Чикаго булс, додека кон почетокот на оваа повторно заигра покрај Леброн Џејмс, но овој пат Вејд се приклучи во тимот на Кливленд. Пред извесно време се врати во клубот каде ја започна освојата богата кариера.

Се вчитува...