Ливерпул се соочува со огромни проблеми за време на оваа репрезентативна пауза откако Андони Ираола остана без двајца клучни офанзивни фудбалери, воедно и двајцата играчи кои се наоѓаа во најдобра форма на стартот од сезонава кај „црвените“.
Швеѓаните уште попладнево објавија дека Александар Исак поради ситна повреда на мускулот се вратил предвреме во Ливерпул за да не се ризикува со посериозен проблем.
Главоболките на Ираола станаа уште поголеми по вечерашниот дуел во Белград, откако Коди Гакпо поради повреда мораше да биде заменет по само 17 минути игра од селекторот Чави. Тој настрада по еден дуел со Саша Лукиќ, здобивајќи се со незгодна повреда на зглобот поради која не можеше да го продолжи натпреварот.
Се очекува Холанѓанецот во текот на утрешниот ден да пристигне во Ливерпул, по што по деталните прегледи ќе биде утврдено колку ќе изнесува неговата пауза од терените.
Ливерпул во првиот меч по репрезентативната пауза се среќава со Манчестер Сити, па јасно е колку е значајно за Ираола овие двајца клучни напаѓачи да бидат дел од неговиот тим за големото дерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
