Двојната одбрана на Кизиќ, потег на мечот (видео)

Марко Кизиќ најчесто добива шанса во СЕХА, но македонскиот репрезентативец денеска доби можност и на дуел од Лигата на шампионите и максимално ја оправда довербата.

Во ситуација кога и Кугис и Гедбан бранеа очајно, младиот Кизиќ блесна со неколку одлични интервенции, меѓу нив и оваа двојна одбрана со која ги крена на нозе сите присутни во салата, потег што дефинитивно го одбележа денешниот натпревар.

Се вчитува...