Е, ова е Гибралтар… Македонија си тренираше на „аеродромска писта“ (ВИДЕО)

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Гибралтар е британска прекуморска територија сместена на најјужната точка на Пиринескиот полуостров… Всушност едно помало гратче со шпански предзнак а британска колонија со вкупно 28.000 жители. А бидејќи нема доволно простор дури 20% од територијата на државата е добиена со насипи во морето… Но, и покрај тоа во желбата за доделување можност за спортски натпревар подеднакво на сите, УЕФА ја прими во своите натпреварување доделувајќи и можност за дуели со европските селекции.

Е, а дали има услови за вистинско спортско натпреварување во оваа колонија е прашање кое се активира и кога ќе видите дека главниот стадион на кој ќе се игра и првиот натпревар на Македонија во Лигата на нациите во четврток од 20:45 часот, се наоѓа буквално залепен за аеродромската писта во оваа држава.

bty

Па, и македонските репрезентативци денешниот тренинг си го одработија додека околу нив слетуваа и полетуваа авиони на аеродромот во Гибралтар, кој пак, меѓу другото, всушност минува и низ главната сообраќајница во градот…

Се вчитува...