Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид со 34-30, но во одредени мигови имаа проблеми, откако противникот стигна и до 1 разлика (26-25). Меѓутоа домашните ракометари најдоа сили да дојдат на крајот до триумф, со кој ја продолжуваат трката за титулата во Суперлигата.

Охрид на почетокот им нанесе доста проблеми на домашните, откако имаа водство од 1-2 разлика. Но, Е.Пелистер со одлична серија на средината на првиот дел од 6-0 (од 8-9 до 14-9), го презедоа водството и го одржаа до крајот на првиот дел.

Охриѓани не се предадоа. Стигнаа до еден разлика на почетокот на вториот дел (21-20) а потоа Пелистер одново се одлепи и дојде до +4. Меѓутоа нов пад во нивната игра, и Охрид одново стигна до -1 (26-25). Тоа како да беше сигнал за будење за Пелистер, кој направи одново разлика, овој пат стигна и до +6 (32-26). До крајот веќе немаше проблеми да го приведе мечот до крај и до победа.

Филип Кузмановски со девет гола беше најефикасен. Кај Охрид најпрецизен беше Никола Јукиќ со седум.

Се вчитува...