Е тоа е Лука Дончиќ: Летечкиот Словенец ги „масакрираше“ Клиперси… (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс ги победија ЛА Клиперс со 135-118 изминатава ноќ во градското дерби во НБА лигата. Лејкерс го победија тимот на Клиперс и се пласираа во нокаут фазата од НБА Купот по убедлив триумф во кој постигнаа дури 135 поени!

Тие го обезбедија првото место во Групата Б со скор од 13-4 оваа сезона… Клиперс повторно беа ослабени. Богдан Богдановиќ, Дерик Џонс, Бредли Бил и Џордан Милер не играа, додека Лејкерс го вратија Леброн Џејмс, но останаа без Деандре Ајтон.

Лука Дончиќ беше феноменален на мечот завршувајќи со 43 поени, 9 скока и 13 асистенции, додека Остин Ривс имаше 31 поен, 9 скока и 3 асистенции, Леброн Џејмс заврши со 25 поени, 6 скока и 6 асистенции, а Руи Хачимура беше двоцифрен со 13 поени.

Во редовите на Клиперс видовме 29 поени, 5 скока и 9 асистенции од Џејмс Харден, 19 поени од Крис Дан, 19 од Кавај Ленард, 18 од Џон Колинс, а Ивица Зубац имаше „дабл-дабл“ од 10 поени и 10 скока.

НБА – РЕЗУЛТАТИ:

ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 135-118
Филаделфија – Орландо 103-144
Вашингтон – Атланта 132-113

Се вчитува...