Еден Јакимовски недоволен за победа на Вашингтон Стејт – прв „дабл-дабл“ на Македонецот во НЦАА (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Андреј Јакимовски продолжи со одличните настапи во НЦАА лигата, но за жал неговиот прв „дабл-дабл“ учинок во колеџ-лигата на САД овој пат не беше доволен за Вашингтон Стејт да забележи победа против Боис Стејт (52-58).

Јакимовски на паркетот помина 30 минути за кои постигна 11 поени со реализација 3/4 за два, 1/2 за три и 2/3 од линијата за слободни фрлања, додаде и 12 скока, а три пати асистираше до своите соиграчи.

Се вчитува...