Еден од најдобрите играчи на Евро 2020 пред трансфер во Барселона

Патрик Шик кој го одбележа Европското првенство 2020 е понуден на Барселона, пренесуваат шпанските медиуми. Репрезентативецот на Чешка беше еден од најдобрите фудбалери на континенталниот собир, а фантастичната форма ја продолжи и во новата сезона во која забележа 16 погодоци на 18 натпревари во Бундеслигата.

Барселона веќе подолго време е во потрага по напаѓач, како опции се споменуваа Едисон Кавани и Алваро Мората, но во 25-годишниот фудбалер на Баер Леверкузен не се гледа како кратко решение, туку напаѓач кој ќе го носи каталонскиот состав во иднината.

Шик потекнува од младинската школа на Спарта Прага, а во кариерата го носеше дреосот и на Сампдорија, Рома и Лајпциг па со себе има и добро искуство. Чехот има договор со германскиот тим до 2025 година па јасно е дека Барселона ќе треба да го „одврзе ќесето“ за неговиот ангажман.

Се вчитува...