Еден од најдобрите уметнички лизгачи стави крај на кариерата

Легендарниот јапонски уметнички лизгач Јазуру Ханју објави дека веќе нема да се натпреварува на професионално ниво.

Јапонецот се смета за еден од најголемите претставници на овој спорт на сите времиња. Освои голем број титули во 14-годишната кариера, а реши да се повлече на 27 години.

„Голема благодарност за навивачите што ме подржуваа сите овие години. Секако, иако се повлекувам јас се уште нема да ги соблечам лизгалките“, изјави Ханју. 

Јапонецот освои две олимписки злата во 2014 и 2018 година, а два пати беше и светски шампион (2014 и 2017). На прво место на светската ранг листа беше пет години во низа од 2013 до 2018.

Се вчитува...