Еден оригинал и една копија: Каде в недела ќе биде пехарот наменет за шампионот во Премиер-лигата?

Фудбалската јавност во Англија, но и во целиот свет со нетрпение го очекува последното коло во Премиер-лигата во кое Манчестер сити влегува со бод предност пред Ливерпул. „Граѓаните“ ги чека гостување кај Брајтон, додека „црвените“ ќе играат дома против Вулверхемптон.

Интересно е тоа што пехарот наменет за шампионот на Англија ќе биде во Брајтон, бидејќи Сити во последното коло влегува со предност, додека негова копија ќе биде однесена на „Енфилд“.

Ако се случи чудо Ливерпул ќе стигне до 19. титула, но само прва откако е формирана Премиер-лигата. За подигнување на вистинскиот пехар ќе мора да почекаат на парадата која ќе биде организирана во градот.

 

Се вчитува...