Едерсон ја откажа Борусија – чудесна интервенција на голманот на Бенфика

Колку што е виновен Обемајанг со сите свои промашувања за поразот на Борусија Дортмунд, толку е заслужен Едерсон што Бенфика по голема битка стигна до предност од 1-0 по првиот осминафинален меч со „милионерите“. Одличниот голман одбрани бројни шутеви, го запре и пеналот на Обамејанг, но најубавата интервенција ја имаше во финишот, кога по обидот на Пулишиќ многумина топката ја видоа во мрежата, но Едерсон успеа да ја исфрли во корнер.

Се вчитува...