Еди Хау дециден: Њукасл нема пари за Нејмар или за Роналдо

Од моментот кога богатите газди од Саудиска Арабија го презедоа раководењето со Њукасл, премиерлигашот од „Сент Џејмс Парк“ го доби прекарот „Најбогат клуб во светот“.

Токму затоа, во ситуација кога Кристијано Роналдо и Нејмар бараат ангажман во Европа токму Њукасл се споменува како сериозен конкурент за овие фудбалски мегаѕвезди. Сепак, тоа е предалеку од реалноста, откако менаџерот на „црно-белите“, Еди Хау, јасно стави до знаење дека Њукасл воопшто нема да влезе во трката за потпис на португалската или пак на бразилската суперѕвезда.

„Нема потреба да се лажеме, ние не сме ниту блиску до обезбедување на буџет за да го доведеме Роналдо или пак Нејмар. Тие се меѓу најдобрите фудбалери во светот, а ние не сме во позиција да си дозволиме еден така богат трансфер и така високи плати. Затоа, одиме по поинаков пат, наоѓаме млади и перспективни фудбалери и од нив правиме врвни играчи“, изјави Еди Хау.

Се вчитува...