Еди Хау ја „затвори вратата“ за Арсенал

По превземањето на Арсенал од стана на Микел Аретата тимот од Лондон игра фантастично и оваа сезона повторно е во конкуренција за осојување на шампионскиот трофеј во Премиерлигата. „Топчиите“ стигнаа и до четвртфиналето од Лигата на Шампионите, а со оглед на конкурентниот состав очекувањата се дека ќе биде сериозен претендент за највисок пласман и во годините кои следат.

Арсенал има одличен тим, но сепак на Аретата му е неопходно квалитетно засилување во нападот. Високо на листата на желба беше ставен фудбалерот на Њукасл Јунајтед, Александар Исак, но тешко дека „топчиите“ ќе стигат до услугите на Швеѓанецот ако судиме по послендата изјава на тренерот на овој клуб, Еди Хау.

„Нема да ги продаваме нашите најдобри играчи. За нас е многу важно тоа, ако ги продадеме, тогаш одиме наназад. Тогаш мора да почнеме од почеток”, одговори Хау на трансфер гласините.

„Трансфермаркт“ го вреднува Исак на 70 милиони евра, но и сто милионска понуда за 24-годишникот се очекува да биде одбиена од страна на клубот во најбогат газда на светот.

Се вчитува...