Една фотографија – 1.000 зборови: Тагата на Хамес Родригез (ФОТО)

Премногу тага во редовите на селекцијата на Колумбија по елиминацијата од Англија… А, можеби и се ќе беше поинаку во тимот да беше и Хамес Родригез кој поради повреда го пропушти осминафиналето.

Колумбијците со голот на Мина во 93. минута се изборија за продолжение и потоа пенали… А, потоа вистински крах по пенал серијата.

Англија слави, а фотографијата на расплаканиот Родригез сигурно најубаво говори за тоа како се чувствуваше веројатно цела Колумбија по несреќната елиминација.

Се вчитува...