Една магија на Батшуаи – три бода за Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд конечно врза две победи по ред откако „милионерите“ попладнево славеа над домашен терен против Хановер со минимални 1-0.

Вообичаено на последните натпревари, улогата на херој му припадна на Миччу Батшуаи, кој мајсторски се снајде по еден корнер од левата страна и со маестрален шут го измами противничкиот голман. Пред крајот на мечот „милионерите“ имаа уште неколку одлични шанси за уште поубедлива победа, но Филип го погоди само дирекот, додека обидот на Батшуаи беше исфрлен во корнер.

Борусија со оваа победа се задржа на третото место на табелата, со три бода предност во однос на Ајнтрахт на четвртата позиција.

 

Се вчитува...